Овие пет намирници никако не смеете да ги ставате во микробранова печка

Иако подготовката на храна во микробранова печка им ја олеснува работата на сите домаќинки, сепак постојат некои работи кои никако не смеете да ги ставите во неа, за да не предизвикате расипување, експлозија, пожар, како и појава на чудни бактерии.

  • Јајца

Јајцата секако можете да ги ставите во микробранова печка, но тие претходно треба да се скршени. Во случај да сакате да подготвите варени јајца пак, водата од нив ќе се претвори во пареа, а во тој случај ќе пукне и јајцето, но и чинијата.

  • Хартиени кеси

Иако многумина сме љубители на пуканки од микробранова, сепак вестите не се добри. Обичните хартиени кеси не се ништо подобра алтернетива од готови пуканки кои имаат хемикалии. Било каков лепак или боја на кесата, може да испушти отровна пареа.

  • Овошје

Исто како и јајцата, овошјето содржи голема количина на вода која може да се претвори во пареа и да создаде силно пукање во печката, но доколку инсистирате за овошје, подобро би било да го исечете на парчиња.

  • Смрзнато месо

Микробрановата печка може да биде спас за домаќините доколку е време за подготовка на ручек, а претходно не сте го одмрзнале месото на време. Но тоа можете да го направите само ако веднаш го подготвувате месото, во спротивно, избегнувајте.

  • Храна во пластични садови

Пластичните садови и фолии претставуваат очигледен ризик од топење ако долго се во микробранова. Но сепак, доколку планирате брзински да ја згреете храната, тогаш пласитичниот сад нека нема никаков капак на него, затоа што тие имаат хемикалии кои може да истечат во вашата храна.