Овој детаљ е поважен од гардеробата: 10 стилски правила на Том Форд кои секоја жена треба да ги знае

Американецот Том Форд е еден од најпочитуваните дизајнери во светот. Поранешниот креативен директор на модните куќи Гучи и Ив Сен Лоран лансираше сопствен бренд во 2005 година. Во меѓувреме се испроба и во режија, снимајќи ги познатите филмови „Еден самец“ и „Ноќни животни“, а моментално е претседател на Одборот на Американскиот совет на модни дизајнери.

Форд е познат по својот софистициран стил, кој е инспирација за многумина во секојдневното носење. Во текот на кариерата често споделуваше совети како да се развие сопствен стил, а во продолжение прочитајте 10 од нив кои сигурно ќе ви помогнат да се чувствувате добро во вашата кожа и облека.

  1. Никогаш не носете нешто во кое не се чувствувате удобно бидејќи тоа чувство ќе го проектирате кон другите луѓе. Луѓето секогаш ме прашуваат зошто толку често носам црно. Затоа што се чувствувам удобно и самоуверено во тоа.
  1. Сексапилот доаѓа од начинот на кој се движите и носите, а не од кратките здолништа и топови со длабоко деколте.
  2. Не дозволувајте модата да ви диктира што ќе облечете. Направете го тоа што го носите по свое. Секогаш сум малку тажен кога ќе видам жена од глава до пети облечена во изглед од модната писта.
  3. Телата се менуваат, изгледот се менува, сè се менува. Така, на секои пет години извадете ја целата облека и проценете дали сè уште ви одговара.
  1. Мислам дека парфемот е уште поважен од облеката. Мирисот е директен стимулатор на сите чувства, ги провоцира, буди емоции и спомени.
  2. Секоја жена има потреба од барем еден мал црн фустан. Никогаш не знаете кога ќе имате интервју за работа, погреб или свадба. Црното можеби не е пожелно на свадби, но јас би го носела.
  3. Најдете ја вашата униформа. Ако имате пет комбинации кои сакате да ги носите, во кои секогаш се чувствувате добро, кои се удобни и лесни за функционирање, тогаш зошто ви е потребна друга облека? Да, ви требаат варијации на тема бидејќи не сакате да го носите истото секој ден, но важно е да разберете каков е вашиот изглед.
  4. Никогаш не носете нешто само затоа што некој друг ви рекол. Важно е да го пронајдете вашето чувство за стил.
  1. Не ја потценувајте моќта на шминката. Со неа можете да бидете што сакате, да станете нов лик. Шминката е одличен начин да се изразите, а за тоа не мора да ви требаат многу пари. Доколку се одлучите за црвен кармин, со него не ви треба речиси ништо на очите, можеби само малку маскара.
  2. Опуштете се. Стилот и модата треба да го збогатат вашиот живот, а не да ви создаваат стрес. Ќе изгледате најдобро кога ќе бидете мирни.
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното