Овој знак денеска го очекува романтична средба со блиска личност – Дневен хороскоп 11.10.2018

ОВЕН

Работа: Денеска се концентрирате на работите кои ве чекаат од минатиот период. Завршете ги. Не превземајте никакви ризици. Работен ризик во овој момент претставува погрешен избор.

Љубов: Претерувате во своите очекувања пред саканата особа. Партнерот не сака да „дава извештаи“ и немојте да го притискате со вашите очекувања.

Здравје: Нервозни сте.

БИК

Работа:Се наоѓате во шанса да ги тестирате своите интелектуални или практични способности. Направете се што е во ваша моќ да оставите добар впечаток.

Љубов: Јасно ви е дека не можете да добиете се она што емотивно го сакате. Но сеуште не знаете на кој начин можете да уживате во она што го имате.

Здравје: Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Можно е се да се наоѓа во вашите раце, но под услов да реагирате во најдобриот можен момент и соогласно со заедничките правила за успешно работење.

Љубов: Доколку ве мачат љубовни дилеми, размислете што е главната причина за вашата несигурност. Немојте однапред да го обвинувате вашиот партнер.

Здравје:Хормонски проблеми

РАК

Работа:Некој сака да ви наметне рабони правила. Нема причина тоа да го трпите поради нечиј однос, но немојте да ги прецените своите способности.

Љубов: Ќе ви одговора романтична средба со една блиска особа или некоја добра забава во омилено друштво. Опуштете се.

Здравје: Главоболки.

ЛАВ

Работа: Доколку ви смета нечиј однос на работа, потрудете се да размислувате на принципот рамноправност или фер-плеј во работниот однос.

Љубов: Потребна ви е добра емотивна поддршка или особа која може да ги разбере вашите идеи. Незадоволни сте од сегашната позиција која ја имате.

Здравје:Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа: Тргнувате од некои погрешни информации или од лажни слики кои ги имате за некоја особа. Поради тоа работен неуспех претставува логичен тек на настаните.

Љубов: Подобро своите мисли да ги насочите кон саканата особа, отколку да мислите со набљудување на различни личности од страна.

Здравје: Одлично.

ВАГА

Работа: Моментално се водите на принципот земање или давање. Она што го добивате има голема цена и бара откажување од нешто.

Љубов: Некој неочекувано ве носи кон ново искушение. Препуштете се на своите чувства и постапете онака како што мислите дека е најдобро.

Здравје: Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Работа: Имате доволно храброст да кажете она што го мислите пред својата работна околина. Но можно е тоа лошо да се одрази врз вашиот работен статус.

Љубов:Употребите мала итрост така што ќе делувате доволно убедливо на некого. Важно е се што правите, да го правите во вистинска мерка.

Здравје: Добро.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Средба со одредени колеги лесно може да прерасне во непријатна ситуација. Важно е правилно да ги заштитите своите работни интереси.

Љубов:Понекогаш одредени ситници во односот или постапките, повеќе откриваат, отколку реченици кои упорно се повторуваат. Внимателно анализирајте го односот на саканата особа.

Здравје: Контролирајте го притисокот.

ЈАРЕЦ

Работа: Повеќето од работните обврски можете да ги завршувате на рутински начин. Нема потреба да се расправете со оние кои не мислат како Вас.

Љубов: Доколку Ви се чини дека не сте пожелни во нечие друштво, размислете за Вашите постапки. Можно е некаде да сте згрешиле во проценката.

Здравје:Повеќе одморајте.

ВОДОЛИЈА

Работа: Премногу сте преокупирани со потребата се да изгледа перфектно, и сите околу Вас да бидат задоволни. Намалете ги вашите критериуми.

Љубов: Ќе ви годи средба со една особа која за момент може да ве „повлече“ во свет на чудна романтика и нежност. Разубавете го вашето расположение.

Здравје: Добро се чувствувате.

РИБИ:

Работа: Се соочувате со особи кои „без пардон“ ги оспоруваат вашите способности. Важно е да ги премолчите ситуациите кои можат да се разберат на погрешен начин.

Љубов: Доколку некој упорно ве критикува, тоа може претставува добра тема за размислување или преиспитување, но не и повод за нова емотивна расправа.

Здравје: Лоша циркулација.