Сите имаме некој пријател кој не се менува низ годините. Како на луѓето да “замрзнат” во просторот и времето и да изгледаат исто и на 20 и на 40 години.
Токму тоа прашање си го поставуваат луѓе ширум светот кои го виделе видеото од Јанг Дан, 44-годишна водителка на временска прогноза од кинеската телевизија “CCTV”.
Нејзината снимка станала вирална, а ја прикажува водителката како ја врши својата работа во период од 22 години. Навистина е неверојатно тоа што денес изгледа потполно исто како во 1996. година, кога почнала да работи.
Бидејќи луѓето масовно почнале да го споделуваат видеото, Јанг е прогласена за “божица која не старее”. Некои дури и се шегувале дека се работи на теорија заговор и дека сите 22 години кариера се снимени во еден ден. Како на друг начин да се објасни ова? Дали можеби станува збор за фонтана на младоста, која дефинитивно постои некаде во Кина.
Ако не верувате, погледнете ги фотографиите.





