Вечерва во Собранието се гласаше за интерпелацијата на заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени.
Истата не е помина бидејќи 4 пратеници гласаа за, додека пак 62 гласаа против.
Интерпелацијата ја поднесе „Европски фронт“, а ја образложи Дијана Тоска која од Исени побара одговорност и оставка зашто, како што рече, покажал неспособност да ја извршува функцијата, не успеал да ја зачува безбедноста и придонел за поттикнување на меѓуетничките тензии.
Интерпелацијата, истакна Тоска, е повик за правичност и почитување на слободите и правата на граѓаните од страна на институциите, но и повик за мир.
Исени оцени дека интерпелацијата не кореспондира со реалноста и претставува обид за дефокусирање на јавноста од злоупотребите на институциите во изминатите две децении.