Повторно реактивиран е пожарот кој се гасеше во раните утрински часови во село Ваксинце, Општина Липково. Пожарот е во близина на месноста Врело, каде што се стационирани укопаните резервоари за течно гориво на А.Д. Макпетрол.
„Имено овој дел гореше и беше гаснет пред десетина дена, каде екипите на ТППЕ Куманово го изгасија и не дозволија негово проширување. Денес во раните утрински часови повторно таму каде што беше пресечен претходно со гаснење повторно беше запален. Брзо и професионално од страна на ТППЕ Куманиво дејствувано и изгасено до 12:00 часот. За чудо во 18.30 часот по трет пат запалено и во овој момент правецот на пожарот се движи кон складот за течно гориво Врело на Макпетрол“, велат од ЦУК.
Екипите на ТППЕ Куманово се повторно на терен во селото Ваксинце и храбро се борат за да спречат загрозување на објекти, живот и здравје на граѓаните.