Свет

Пакистан: Најмалку 28 лица загинаа во железничка несреќа

Пакистан: Најмалку 28 лица загинаа во железничка несреќа

Најмалку 28 лица загинаа во неделата кога брз воз излета од шините во јужен Пакистан, изјави министерот за железници на земјата, Хаваџа Саад Рафик, додека во локалните болници беше прогласена вонредна состојба, кои се борат за лекување на десетици повредени.

Железничките несреќи се вообичаени во Пакистан со застарениот железнички систем, кој има речиси 7,5 илјади километри железница и превезува повеќе од 80 милиони патници годишно.

„Ова е навистина голема несреќа“, им рекол Рафик на новинарите, пренесува Слободна Европа.

Тој рече дека најмалку илјада патници биле на Хазара експрес кога излетал од шините на дел од пругата каде што не биле пријавени никакви проблеми.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни