Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На ред е првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо да поставува прашања за Влатко Кешишев, кој на минатото рочиште даваше исказ во судница.
Палевски најпрво кажа дека има 97 прашања за Кешишев.
„Имам 97 прашања, јас сум ги прочитал сите записници од Јавното обвинителство. Ги користам за да поставам квалитетни прашња, а не ги цитирам. Бидејќи во нив се наоѓаат важни податоци за целиот судски случај. И се надевам дека тоа не е тешко кривично дело за тоа што имам сознанија, за тоа колку некој бил контратикторен и тоа е причина зошто не се читани записниците на Влатко Кешишев“, рече Палчо во судница.
На минатото рочиште кога Кешишев даваше исказ, неговиот адвокат побара отстранување на Палевски, по што судот одлучи да го отстрани од судница. На ова се противеше адвокатот Страшевски, но на крајот Палчо не присуствуваше на исказот.
Претходно исказ даваа и Велибор Манев и Боре Видевски.