На денешното судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо изјави дека не стои зад убиствата и дека нема никаква причина да ги изврши. Притоа го насочи вниманието кон, како што рече, „бомбастичен доказ“ кој сè уште стои во Обвинителството.
„Во Обвинителството се наоѓа хард диск Тошиба што ми беше одземен со записник. Во него има над 200.000 телефонски разговори – содржини кои се компромитирачки за голем дел од политичката елита, но и од новинарската фела“, рече Палевски.
Според него, ако му бил мотивот користољубие, досега „можел да уценува милијардери со Ферари и останати“, но, како што рече, никогаш не го направил тоа.
„Не само што не ги извршив убиствата – јас немам ниту мотив да стојам зад такво злосторство“, изјави Палевски.