Палевски негира одговорност за убиствaта – вели времето на смртта на Панче не се совпаѓало со реалноста!

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски.

Сведок беше првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо кој негираше одговорност за двојното убиство, а исто така ги отфрли и обвинувањата поврзани со настаните од 22 ноември 2023 година, односно денот кога според обвинителството бил убиен Панче Жежовски.

Тој порача дека времињата и фактите наведени во обвинението не се совпаѓаат со реалноста.

„На 22 е карактеристично тоа што додека бев со кучето Хера во дворот, разговарав со наш член на самата ограда, затоа што се плашеше од кучето. На 22 ноември не постои состанок со Манев и со Видевски, од едноставна причина што, во посоченото време, дека околу 12 стигнале од месноста Рудник во штабот, јас разговарам со Миле, секретарот на партијата“, вели Палевски, кој потоа набројува со кого се имал телефонски повици.

Како што вели, не знае како било утврдено кога бил убиен Панче, но времињата не се совпаѓале.

Според него, нема ни докази, ни логично обвинение.

„ремињата не се совпаѓаат, а обвинението е полно со нелогичности. Моментот на смрт на Панче Жежовски до денес не е утврден. Докажано е и евидентирано дека двете возила поминуваат покрај хотелот „Романтик“ и заминуваат по регионалниот пат кон Скопје. Како пресметале кога е убиен Панче? Досега не понудија докази. Според времињата, она што е сигурно е дека Кешишев во 10:30 часот поминал покрај хотелот „Романтик“ кај езерото Младост. Како успеале, според тврдењето на ОЈО, да го убијат Панче и да се возат во шок и бессознание до Маџари, да се паркираат, да се претоварат во „кангуто“ и да стигнат до 11:47 часот да разговараат на телефон? Тоа е невозможно физички“, порача тој.

Според него, чудно е и што според исказ на Манев, се вратиле на 24 ноември се враќаат во Рудник за да го затрупаат.

„Дали е тоа напад на совест, не знам, па по вторпат се враќаат на местото на злосторството, но постои можност и тогаш да е убиен Панче. Јавното обвинителство не се потрудило да утврди време на смрт на Жежовски, од едноставна причина, за да можат да шетаат низ времето“, рече Палевски.

Тој додава дека во кривичната пријава стои дека Панче бил убиен во 21:30 часот, додека пак во обвинението 9:30 часот.

„Според камерите на хотел „Романтик“, „цитроенот“ во 10.30 сѐ уште е во Велес. Таму е ископана дупка со пречник метар и 60, длабока три метри, што е 5 кубика земја или две тракторски приколки. При таква ископана земуница, како што ја вика Велибор, која не е затрпана до горе после убиството на Панче, туку само еден метар, на 27 декември повторно копале дупка на местото Дупки“, рече Палевски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното