Палевски отстранет од судењето за убиствата на Вања и Панче

Првообинетиот Љупчо Палевски беше отстранет од денешното рочиште во судот, кое се одржа за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На барање на судијата Ивица Стефановски, Палевски беше изнесен од судницата со лисици на рацете поради неговото постојано приговарање и упаѓање во збор на обвинителката Жаклина Јосифовска.

Судската ситуација станала напната кога беа презентирани снимките од траекторијата на возилата поврзани со грабнувањето и убиствата. Се гледа како „цитроенот“ на Панче Жежовски, заедно со возилото „рено кангу“, се движат кон Скопје. По излегувањето на Палевски од судницата, беа презентирани и снимки од домот на Панче Жежовски, местото на пронаоѓање на неговото тело, како и локацијата каде беше пронајден неговиот мобилен телефон.

По паузата, Палевски беше вратен во судницата, каде му се заблагодари на судијата што го дозволи неговото повторно враќање на рочиштето.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното