Главната железничка станица во Љубљана и околните згради денеска се евакуирани поради сомнителна торба, меѓутоа во неа е пронајдена само облека.
https://www.facebook.com/24urcom/posts/10156499468069144
Како што пренесува словенечката агенција СТА, тоа се случило околу 7 часот утрово, а поради тоа бил блокиран сообраќајот меѓу железничката и автобуската станица.
Како што се наведува, на терен дошол и специјален полициски тим за да ја детонира торбата, за која се утврдило дека е безопасна.