Папата Франциско денеска испрати аудио порака од поликлиниката „Гемели“ во која им се заблагодарува на сите што се молат за него во последните неколку дена откако е во болница, јави репортерката на ТВ „Дневник Нова“, Барбара Штрабац од Ватикан.
Пораката прво ќе ја слушнат сите оние кои вечерва на плоштадот Свети Петар во Рим ќе ја молат Светата Бројаница за неговото здравје. Целата порака треба да биде објавена околу 21 часот.
Штрбац претходно во директен пренос на ТВ „Дневник Нова“ објасни дека денеска извештајот за здравјето на папата Франциско се чекал со трепет бидејќи дошол подоцна од вообичаено.
„За среќа, лекарите и денеска донесоа позитивни вести, а веќе четврти ден по ред состојбата на Светиот Отец е стабилна“, рече таа.