Папата ќе сe повлече?

Папата Франциск и натаму се наоѓа на лечење во болница во Рим, каде што беше примен на 14. февруари по неколкудневно отежнато дишење.

Ватикан денеска објави дека неговата состојба се подобрува, и дека не е повеќе приклучен на респиратор, односно самостојно дише.

Во меѓувреме, главна тема во Ватикан останва дали Папата ќе поднесе оставка доколку не успее целосно да закрепне.

Оваа тема до сега никој јавно не ја коментирал, но првиот кој се огласи е Архиепископот од Марсеј, кардиналот Жан Марк Авелин, кој се споменува како еден од можните наследници.

„Папата е уморен, се е можно“, им рече тој на новинарите во Ватикан.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното