Папата: На Украина ѝ е потребен праведен и траен мир

За време на денешната молитва, папата Лав XIV изрази „длабока жал“ поради продолжувањето на нападите врз украинските градови, вклучувајќи го и Киев, кои, како што рече, „предизвикуваат смртни случаи и повреди, вклучувајќи деца, како и голема штета на цивилната инфраструктура“.

Тој нагласи дека не смееме да ја прифатиме војната и уништувањето како нормалност и повика на заедничка молитва за „праведен и стабилен мир“ во Украина, пренесува Vatican News.

„Со болка ги следам извештаите за нападите што продолжуваат да погодуваат бројни украински градови, вклучувајќи го и Киев. Тие носат жртви и ранети, вклучувајќи деца, како и голема штета на цивилната инфраструктура, оставајќи семејства без домови како што доаѓа зимата“, рече папата во молитва.