Париските културни споменици повторно се отворени за посетители, работниците од претпријатијата за јавна чистота се на улиците, а властите пробуваат да го вратат градот во нормала по вчерашните протести во кои 71 лице се повредени и причинета е голема материјална штета.
Претседателот на Франција Емануел Макрон на Твитер се заблагодари на полицијата, но вели дека притисокот кон него се уште останува.
Американска агенција денеска излезез со информации дека бројот на повредени лица вчера бил помал во споредба со протестите пред неколку денови. Според Асошиејтет прес на улиците вчера имало 125.000 полициски службеници, а Франс прес пишува и за бројка од 136.000.
Синоќа силен ветер и дожд го погоди Париз што беше проблем плус за работниците да ги отстранат контејнерите, солзавците и останатите предмети кои демонстрантите ги палеа. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во цела земја вкупно уапсени се 1.723 лица.
Овој број е многу повисок од протестот на 1. декември кога беа уапсени 412 лица.