Македонија

Партијата ПЕИ со писмо до Ковачевски – „Торбешите да влезат во преамбулата како посебен народ“

Партијата ПЕИ со писмо до Ковачевски – „Торбешите да влезат во преамбулата како посебен народ“

Партијата за европска иднина бара во преамбулата на Уставот да се внесе и торбешкиот народ. 

Повикувајќи на се на Повелбата на Обединетите Нации, Општата декларација за правата на човекот, Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права, и ред други документи, бараат власта да го исполни нивното барање. 

-Торбешката популација во Република Северна Македонија, според своите етнички, религиозни, јазични и културни карактеристики заслужува посебност и рамноправен статус со останатите етникуми во Република Северна Македонија.  Со досегашното невклучување на оваа попилација во преамбулата на Уставот е направена неправда спрема голем број од населението кое по бројност е на трето место во Република Северна Македонија, велат од ПЕИ. 

Инаку, Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот, а барање за внесување во Уставот имало и од Црногорците, Хрватите, и Египќаните.

Македонија за да продолжи на патот кон ЕУ, треба да ги внесе Бугарите во Уставот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни