Сер Патрик Стјуарт кој со години во серијалот Ѕвездени патеки го глумеше капетанот Жан -Лук Пикард, се враќа на некогашната улога, но во новите епизоди на серијата, пишува BBC.
Актерот ја објави веста во сабота по повеќемесечни нагаѓања, на годишната конвенција на Ѕвездени патеки одржана во Лас Вегас.
CBS Television Studios и Алекс Курцман склопија договор вспоред кој среијата Ѕвездени патеки продолжува во следните пет години.
Сер Патрик (78) е Британец, а Пикард го глумеше во 178 епизоди на популарната sci-fi серија меѓу 1987 и 1994 година и во уште четири филма.
Поединостите за новиот серијал се чуваат во тајност.