Македонија

Пациент од Охрид со владиниот авион итно пренесен во Берлин, чека донор за трансплантација на срце

Пациент од Охрид со владиниот авион итно пренесен во Берлин, чека донор за трансплантација на срце

Пациент од Охрид со сериозно срцево заболување е итно транспортиран во Германија, каде ќе продолжи со лекување и ќе биде подготвуван за трансплантација на срце.

Како што информираат владини извори на денешниот брифинг, пациентот Д. Н. претходно подолг период се лекувал на Клиниката за кардиохирургија во земјава, каде бил квалификуван за трансплантација на срце.

Поради влошување на неговата здравствена состојба и потребата од итен медицински третман, а со оглед на тоа што во земјава немало соодветен донор, била покрената итна постапка за негово лекување во странство.

Пациентот е транспортиран со владин авион до Универзитетскиот клинички центар во Берлин, Германија.

Транспортот бил реализиран преку Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од Министерството за здравство.

Германскиот медицински центар го прифатил пациентот за стабилизација и понатамошна подготовка за оперативниот зафат. Во моментов се очекува да се појави соодветен донор, по што би можела да биде извршена трансплантацијата на срце.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни