Педро Санчез побара од НАТО Шпанија да не издвојува 5% од БДП за одбраната

Шпанскиот премиер Педро Санчез побара од НАТО да го исклучи од својата цел за зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП, се вели во писмо испратено до генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, во кое Ројтерс имаше увид.

Санчез повика на „пофлексибилна формула“ што или би го направила постигнувањето на таа цел доброволно или би ја изземала Шпанија од неа.

„Обврската за цел од пет проценти не само што би била неразумна, туку и контрапродуктивна, бидејќи би ја оддалечила Шпанија од оптимално трошење и би ги нарушила сегашните напори на Европската Унија за зајакнување на сопствената безбедност и одбрана“, напиша Санчез во писмото.