На социјалните мрежи се појави видео од свадба, која наводно се одвива во околината на Шабац, а на истото може да се забележи на кој начин кумата ги забавува гостите.
Имено, вообичаено е кумата секогаш да биде најзабавната на свадбата, но оваа кума во раката држи пиштол.
Таа во еден момент на венчавката го зграпчила микрофонот и пеела, а во меѓувреме го кренала пиштолот во воздух и низ песна започнала да пука.
Сепак, важно е да се напомене дека иако оваа практика е се почеста на свадбите во регионот, таа е исто така и многу опасна.
