Веќе добро познатато лице Огнен Здравкоски кој најпрво го запознавме преку македонското талент шоу, сега веќе втора сезона ќе може да го гледаме во „Ѕвездите на Гранд“.
Тој уште во првата емисија, воодушеви со својот настап и ги освои сите гласови, а како ментор во конкуренција помеѓу Карлеуша или Шерифовиќ тој сепак ја одбра Марија.
Додека чека да се подготви за вториот круг, Огнен на „Инстаграм“ одговори на неколку прашања поврзани со „Ѕвездие на Гранд“.
Најмногу го прашуваа со која песна ќе се претстави, каква е Марија Шерифовиќ како ментор, но и доби едно непријатно прашање поврзано со Јелена Карлеуша.
Ова дефинитивно го изнервира Здравкоски, па одговори:
„Не ви одговарам на вакви ретардирани прашања. Веќе ги има неколку, па ви кажувам да знаете“, напиша Огнен во објавата.
Како ќе се претстави Здравкоски во следниот круг, останува да видиме.
Огнен уште во септември почна со подготовките, па веднаш го посети својот личен фризер кој се погрижи да му направи нова фризура.
Извор: Вистина.мк