ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Кој град беше најтопол во Македонија денес?

Максималните температури денес беа 23 Попова Шапка, 28 Лазарополе, 29 Маврови Анови, Крушево, 32 Крива Паланка, Берово, 33 Охрид, Претор, 34 Тетово, 35 Прилеп, 36 Скопје-Зајчев Рид, Виница, 37 Скопје-Петровец, Битола, Штип, 38 Струмица, Гевгелија, Кавадарци, 39 Демир Капија, Велес, велат од УХМР.

Времето денес беше сончево и многу топло, попладнево со мала локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во втората половина од ноќта ќе има услови за изолирана нестабилност.

Времето утре ќе биде променливо облачно, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. UV=7

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од
котлината во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70
км/час) и град. Услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има
и во раните утрински часови. Минималната температура ќе се спушти до 20, а
максималната ќе достигне до 31 степен.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното