Македонија

„Пелети со пари не се купуваат“ во Македонија

„Пелети со пари не се купуваат“ во Македонија

Не е проблем само цената, туку и достапноста на пелетите. Ова е реалноста на пазарот кога станува збор за пелетите. Една од алтернативите за „чисто“ греење, кое што не ја загадува околината и за кое што властите во изминатите неколку години континуирано објавуваат огласи за субвенционирање на домаќинствата за да се греат на пелети, сега станува сериозен проблем, пишува Блумберг.

Пелети едвај се наоѓаат, а тие сега се продаваат за два и пол пати поскапо. Ако во нормални пазарни услови вреќа пелети (15 кг) чинеше од 180 до 210 денари, сега се продава по цена од околу 500 денари.

Со оглед на тоа дека сега набавната цена надминува 450 денари, трговците веќе немаат математика да работат со увоз и продажба на пелети.

Македонија е увозно зависна од пелети

Македонија е увозно зависна кога станува збор за пелетите за греење. Според трговците, годишната просечна потрошувачка на пелети изнесува околу 120.000 тони, а во Македонија се произведуваат едвај 20 отсто.

Читај повеќе на Блумберг Адриа

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни