Македонија

Пелистер побеле во јули: Драстичен пад на температурите донесе снег на Баба Планина

Пелистер побеле во јули: Драстичен пад на температурите донесе снег на Баба Планина

Врвот Пелистер на планината Баба денеска побеле од снег, информираа од Јавната установа Национален парк „Пелистер“. На надморска височина од 2.601 метар, наглото заладување и променливото време го претворија дождот во снежни врнежи.

Од националниот парк истакнуваат дека ова е уште еден доказ за моќта и непредвидливоста на Пелистер, кој со право го носи епитетот „крал на планините во Македонија“. Фотографијата која го посведочи овој редок летен феномен е направена од вработените во пунктот на ЈП „Национална радиодифузија“, лоциран на самиот врв.

Овој студен бран донесе енормен пад на температурите и во подножјето на планината. Имено, додека вчера во Битола во 17:00 часот беа измерени пријатни 26°C, денеска во истото време термометрите покажаа само 12°C, со тенденција на дополнително опаѓање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни