„Утре можеме да имаме предвремени избори, но што ќе одлучат за кризите со кои се соочуваме“, рече претседателот Стево Пендаровски, додавајќи дека се сомнева дека предвремените избори ќе ги отклучат евроинтеграциите или ќе ги променат цените на енергијата и храната.
Зборувајќи за политичката нестабилност и турбуленции во државата, Пендаровски во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека не гледа како може да се решаваат кризите со нова политичка структура.
„Високите цени на енергијата, храната и инфлацијата не се само домашен производ. Енергетската криза започна шест до седум месеци пред војната во Украина. Како новата влада ќе има влијание на светските пазари за храна?“, рече Пендаровски.
Според Пендаровски, факт е дека „изградбата на бугарската политичка сцена“ во моментов е таква што е тешко да се постигне договор.