Македонија

Пензионерка од Скопје: Со што да купам месо? Немам со што. Еве вака, си купувам коски од 100 денари и ќе купам гравче, па ќе го јадеме после четири дена

Пензионерка од Скопје: Со што да купам месо? Немам со што. Еве вака, си купувам коски од 100 денари и ќе купам гравче, па ќе го јадеме после четири дена

Од утре лебот, брашното, шеќерот, маслото, млекото, ќе се продаваат со ДДВ од 5 проценти, како што беше и пред антикризните мерки на Владата со кои ддв-то беше намелаено на нула отсто. Укинувањето на овие мерки предизвикаа страв кај граѓаните од нови поскапувања на производите кои се сè поизвесни.

Со пензија од 11 000 денари и болен сопруг за кого одвојувам повеќе од 6000 денари за лекови, не можам ни да ви објаснам колку тешко преживувам, раскажува пензионерката Мара Петрова од Скопје. Ја сретнавме пред месарницата во близина на зеленото пазарче за која вели дека се поретко ја посетува.

„Со што да купам месо? Немам со што. Еве вака, си купувам коски од 100 денари и ќе купам гравче, па ќе го јадеме после четири дена. Ете така живееме“, вели пензионерката Петрова во изјава за Радио Слободна Европа.

Читај повеќе на РСЕ

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни