Пепел, поцрнети конструкции, стопени фасади и целосно уништени дуќани – ваква е сликата денеска на местото каде што рано утрово избувна големиот пожар во Шуто Оризари.
По гаснењето на огнот, останаа само изгорени метални конструкции и остатоци од објектите кои биле зафатени од пламените јазици. На дел од дуќаните се целосно уништени покривите и излозите, а долж објектите се гледаат траги од силниот пожар.







Фотографиите направени по пожарот го покажуваат обемот на материјалната штета – повеќе дуќани се сериозно оштетени или целосно опожарени, додека просторот околу нив е покриен со пепел и остатоци од изгорениот материјал.
За среќа, според првичните информации, во пожарот нема повредени лица.
Причината за избувнувањето на пожарот треба дополнително да биде утврдена од надлежните институции.