Периодот на информирање на граѓаните за новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот е при крај, а полицијата наскоро ќе почне со изрекување и на соодветни санкции.
Според СВР Скопје, во периодот од 26 септември до 7 ноември оваа година, полициските службеници на територијата на главниот град издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Овие опомени се однесуваа на новите прекршоци, кои досега беа само „ситница“, а сега се казнуваат со закон.
Од МВР појаснуваат дека согласно проценките и степенот на информираност на граѓаните, во наредниот период се очекува да се отпочне со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање за новите законски одредби.
Новите измени предвидуваат конкретни казни за користење мобилни уреди:
- Ако пешак преминува пешачки премин со мобилен телефон на уво или во рака, казната изнесува 40 евра.
- Ако возите тротинет, мотор или трактор додека користите електронски уред, казната изнесува 50 евра.