За да ја одржите телесната тежина, треба да се обрне внимание на брзината на метаболизмот, но што точно е тоа и како може да сме сигурни дека јадеме храна што го зајакнува?
Метаболизам, во основа, е процес на претворање на храната во енергија, односно кога човекот има побавен метаболизам, може да доживее зголемување на телесната тежина, замор или сува кожа.
Постојат некои фактори кои влијаат на брзината или забавувањето на метаболизмот, како што се возраста и генетската структура кои едноставно не може да се контролираат, но сепак, има фактори врз кои што ние имаме влијание, а меѓу нив, е и храната што ја јадеме.
Еве за кои јадења се работи:
- Јајца
- Јатки и семки
- Зачинета храна
- Вода
- Авокадо