На денешен ден пред пет години по тешко боледување почина прославениот пејач Оливер Драгојевиќ. Неговата песна живее и денес.
Оливер Драгојевиќ, легендата на хрватската музика, е роден во Вела Лука, на Корчула, на 7 декември 1947 година.
Кариерата ја започна во 1963 година како пејач и клавијатурист на сплитската група „Батали“, а првиот успех го доживеа на Сплитскиот фестивал во 1974 година, кога ја освои првата награда од публиката со песната „Ќа ќе ми Копакабана“.
Хитовите „Скалинада“, „Малинконија“, „Прости ми попе“, „Верувај во љубовта“, „Пива клапа испо’волта“, „Надалина“ (дует со Борис Дворник), „Кароца“ и други кои денес, евергрин на хрватската поп музика.
Тој е креатор на најубавите балади кои и денешните генерации уживаат да ги слушаат, а добитник е и на бројни престижни музички награди.
Пет пати се обиде да се квалификува за Евровизија. Два пати се натпреваруваше во Југовизија, во 1988 година го освои второто место со песната „Џени“, а во 1990 година го освои третото место во дует со Зорица Конџа и песната „Среќа е тамо где си ти“.
Во хрватската Дора учествуваше три пати, во 1994, 1995 и 1997 година, а најдобар пласман му беше второто место.
На Оливер Драгојевиќ му беше дијагностициран рак на белите дробови во август 2017 година, а веќе на 15 октомври настапи во ХНК Сплит на концертот „Believe in Love“ организиран од Жупаниската лига за борба против ракот.
„Тоа беше концерт полн со емоции, а се покажа како негов последен настап пред публика во живо.
„Тоа е ѓаволска болест, малку ослабев, но се надевам на позитивен исход. Најважно е да останам силен во мојата глава, а психички се чувствувам добро“, изјави тој кратко откако дозна за дијагнозата.
Во меѓувреме се повлече од јавноста и последните месеци од животот ги помина на Корчула.