Пет нови апсења поврзани со грабежот во Лувр, бројот на приведени се зголемува на седум

Париската обвинителка Лор Беко соопшти за радиодифузерот РТЛ дека уште пет лица се приведени во врска со дрскиот грабеж на вреден накит во музејот Лувр, со што вкупниот број на осомничени достигна седум, пренесе ДПА.

Новите апсења се извршени во регионот на француската престолнина, само неколку дена откако две лица беа приведени за време на викендот, по спектакуларната кражба на 19 октомври.

Претходно приведените осомничени, на возраст од 34 и 39 години, дадоа делумни признанија, истакна обвинителката.

Сè уште нема трага од украдениот накит, чија вредност се проценува на 88 милиони евра.