Малку возачи имаат доволно познавање од механиката, а на ова се радуваат автомеханичарите кои имаат полни раце работа поради дефекти предизвикани од предвременото трошење на компонентите.
Одредени навики во возењето може значително да му наштетат на возилото, а ова е најизразено кај возилата со мануелен менувач. Можноста мануелно да ги менуваме степените на пренос ни дава неспоредливо поголема контрола над возилото, но исто така отвора простор за забрзано трошење на механичките компоненти на преносот, за што најчесто не сме свесни.
Ова се петте основни грешки кои ги прават речиси сите возачи на автомобили со рачен менувач:
Задржување на раката на рачката од менувачот
Држење на ламелата при чекање на семафор
Задржување на автомобилот на угорница со помош на ламелата
Нагло забрзување во превисока брзина
Одмарање на ногата на папучата на кумплунгот
Зошто овие навики се штетни за вашето возило и за вашиот џеб, погледнете во видеото.


