Пет завеани малолетници и едно возрасно лице спасени од снежните наноси во село Рајчани

Во 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пет (5) малолетни лица и едно (1) возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани.

Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за контакт од Општина Кочани и Градоначалникот на Општина Кочани, за координирање на активностите.

Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се однесени и предадени на нивните родители.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното