Балкан

Петмина уапсени во Босна и Херцеговина, донеле стотици пополнети гласачки ливчиња на избирачкото место

Пет лица се уапсени во Приједор за обид за изборен фалсификат, односно донеле 350 пополнети гласачки ливчиња на избирачкото место.

„Главниот обвинител на Обвинителството на БиХ, Миланко Кајганиќ, во координација со главниот обвинител на Окружното јавно обвинителство на Приједор, Младен Митровиќ, му дал наредба на МВР на РС да приведе 5 осомничени за кои е утврдено дека се поврзани со незаконитости поврзани со изборната постапка, односно доставување на поголем број пополнети гласачки ливчиња до избирачкото место.

Со оглед на тоа што меѓу гласачките ливчиња имаше и ливчиња за избори на ниво на држава Босна и Херцеговина, како и на субјектите, Обвинителството на Босна и Херцеговина и ОЈТ Приједор постапија координирано.

Во заедничките активности е договорено лицата лишени од слобода во законскиот рок да бидат предадени на Обвинителството на Босна и Херцеговина. Во координација со Централната изборна комисија ќе се договорат потребните активности за да се спроведе законски изборен процес на наведеното избирачко место“, изјави Борис Грубешиќ, портпарол на Обвинителството на БиХ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни