Петнаесет лица сѐ уште во болница по пожарот во Тузла – четворица на респиратори

Здравствената состојба на повеќето лица повредени во пожарот што избувна на седмиот кат од Домот за стари лица во Тузла во вторникот вечерта е стабилна. Според најновите информации, во болница се задржани 15 пациенти, од кои четворица се на респираторна поддршка.

„Седум пациенти се хоспитализирани на Клиниката за анестезиологија и реанимација, при што четворица се на механичка вентилација. Петмина жители на домот се сместени на Клиниката за белодробни заболувања и сите имаат стабилни витални параметри,“ соопштија од Универзитетскиот клинички центар во Тузла, пренесува порталот „Кликс“.

Дополнително, двајца пациенти се згрижени на Клиниката за внатрешни болести, а нивната состојба е оценета како стабилна.