Македонија

Петров: ДУИ има паметни луѓе, но фудбалот во кабинет беше изживување, поединечната недопирливост му нанесе штета на СДСМ

Петров: ДУИ има паметни луѓе, но фудбалот во кабинет беше изживување, поединечната недопирливост му нанесе штета на СДСМ

Случајот со фудбалот во државните кабинети не беше дел од некој организиран систем, туку беше поединечно изживување на луѓе кои се чувствуваа недопирливи и мислеа дека вечно ќе останат на тие позиции. Ова го истакна проф. д-р Андреј Петров во гостувањето на 4ТВ, осврнувајќи се на скандалозните снимки од високи функционери на ДУИ во министерските простории.

Петров посочи дека таквото однесување им нанесе директна штета и на нив, но уште повеќе на СДСМ, како нивен тогашен коалициски партнер, бидејќи граѓаните тоа го доживеаја како отворено понижување.

„Тие луѓе беа надвор од времето. Мислеа дека никогаш нема да ги изгубат позициите. Но, времето се смени, тие веќе не се на власт и се покажа дека длабоко погрешиле во односот кон државата и спрема сојузниците.“

Петров потсети дека со ДУИ имале заеднички влади и носеле тешки, но и позитивни политики за државата, но тоа не смее да служи како оправдување за арбитрарноста и неодговорното однесување.

„Сите треба да ги извлечат поуките што им ги дадоа граѓаните на изборите. ДУИ е голема партија, во неа има и паметни луѓе и не треба сите да се генерализираат, но останува да се види дали сфатија зошто ја изгубија довербата.“

Петров заклучи дека не бегаат од дијалог со никој што има добра волја, но нагласи дека идните соработки мора да се градат врз меѓусебно почитување, а не врз неодговорност и потценување на јавноста.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни