Македонија

Петров: Филипче се гледаше со Мицкоски, во еден период и доста фреквентно

Петров: Филипче се гледаше со Мицкоски, во еден период и доста фреквентно

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, ги отфрли наводите дека иницијативата во која учествува е поврзана со премиерот Христијан Мицкоски или со владејачката структура.

Петров нагласи дека ниту тој, ниту Игор Ивановски, ниту другите луѓе од иницијативата немаат причина да бидат дел од каква било политичка структура поврзана со власта.

„Немаме зошто да бидеме ничија испостава. Тој е наш политички противник, премиер во моментот на нашата земја, на сите наши граѓани“, рече Петров.

Тој додаде дека со Мицкоски, според неговите зборови, немаат ниту комуникација ниту соработка.

„Со него немаме никаква, ниту комуникација, ниту соработка, ние со него не сме се гледале“, рече Петров.

На прашањето за тврдењата дека дел од луѓето поврзани со иницијативата во минатото се среќавале со Мицкоски, Петров рече дека тоа се однесува на друг човек и дека тоа било негов личен избор.

„Друг се гледаше со него, тој што прашува, тој се гледаше. Дури се гледаше во еден период и доста фреквентно. Меѓутоа, тој е негов избор. Секој човек на крај одлучува како ќе прави“, рече Петров.

Тој истакна дека иницијативата не е поврзана со нова политичка партија и дека нејзините учесници не настапуваат како продолжена рака на друга политичка структура.

Петров се осврна и на политичките односи меѓу поранешните членови и функционери на СДСМ, посочувајќи дека дел од луѓето кои денес дејствуваат надвор од партијата во одреден момент формирале сопствени политички субјекти.

Во тој контекст, тој го спомена и ставот на Игор Ивановски во врска со поддршката што, како што беше наведено во емисијата, била дадена на одреден кандидат во Куманово.

Петров, сепак, ја отфрли тезата дека ваквите индивидуални политички контакти или одлуки значат дека целата иницијатива има соработка со актуелната власт.

Тој повтори дека целта на групата е отворање процес на разговор и промени во опозицискиот политички простор, без, како што нагласи, да биде инструмент на власта или на друга политичка структура.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни