Македонија

Петров: Имаме поддршка од 90% од пратениците на СДСМ

Петров: Имаме поддршка од 90% од пратениците на СДСМ

Приближно 90 проценти од пратениците на СДСМ вербално ја поддржуваат иницијативата за промени, но бидејќи пратеничката група е мала и се наоѓа во деликатна ситуација, тие не сакаат дополнително да ги изложуваат на притисоци или да изабиваат штета. Ова го порача проф. д-р Андреј Петров во гостувањето на 4ТВ.

Петров нагласи дека односите со пратениците остануваат колегијални и пријателски, без каква било желба за конфронтација во рамките на партијата.

„Тие се наши другари и пријатели и ги повикавме на разговор. Немаме никаква намера да се расправаме со нив ниту да им правиме штета во оваа специфична ситуација. Ние ги застапуваме истите вредности, а времето најдобро ќе покаже кој бил во право“, истакна Петров.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни