Breaking Први детали за пожарот во Бангкок: Силна експлозија го прекинала концертот, жртвите најдени заробени во тоалетите
Македонија

Петровска на министерски состанок на НАТО во Брисел

Петровска на министерски состанок на НАТО во Брисел

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска и утре во седиштето на Алијансата во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.

Петровска и министрите за одбрана на 29-те сојузници на состаноците ќе разговараат за две клучни теми за Алијансата – одвраќањето и одбраната, како и споделувањето на товарот. Министерката ќе учествува и на работна вечера на министрите за одбрана на НАТО и на ЕУ, Финска, Шведска, Украина и Грузија, на состанокот на земјите – членки кои придонесуваат во т.н. Зајакнато присуство на Алијансата во Латвија, како и на состанокот на Контакт групата за Украина.

Во седиштето на Алијансата, министерката Петровска ќе се сретне со помошникот генерален секретар за инвестиции во одбраната, Камил Гранд, a ќе оствари и повеќе билатерални средби со министри за одбрана на сојузничките земји.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни