Петровска: Случувањата во Косово засега не ја нарушуваат безбедноста, но нашата армија е секогаш подготвена

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во гостување во летното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека случувањата во Косово засега не ја нарушуваат безбедноста, но нашата армија е секогаш подготвена.

„Република Северна Македонија треба да се следи како добар пример за тоа како се затвораат отворени прашања и како всушност се допринесува за понатаможен развој на државата пред се, затоа што интересите на државата ни се пред се, над се на сите нас без разлика дали тоа го кажуваме како граѓани или како политички функционери, а потоа се разбира и остварување на стратешките интереси на државата и пошироките интереси“, вели министерката Петровска.

Петровска вели дека армијата секогаш е подготвена и моменталната состојба на Косово засега не ја нарушуваат безбедноста на државата.

„Во моментов немаме најава или сознание дека може да се наруши безбедноста на национално ниво, но сепак армијата е подготвена секогаш и секаде да одговори брзо и ефикасно штитејќи ги националните интереси на нашата држава“, вели Петровска.