Петровска: ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со македонското знаме 

ВМРО ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со неистакнување на македонското знаме при постетата на претседателката на држвата на Бугарија, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, порача  пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во  емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

-Од една средба, која навидум требаше да биде чекор кон приближување се создаде јаз. Дополнително сега ги гледаме изјавите од политичкиот врв со кои уште повеќе го продлабочуваат тој јаз. Несериозно е кога испраќате претседател на државата дури и да нема отворени прашања,  да не внимавате на целосниот протокол од почеток до крај, од влегување во границите на таа држава се  до заминувањето. Одеднаш ВМРО ДПМНЕ, политичката партија која што 7 години зборуваше и лажеше дека сме ги продавале националните интереси, вели дека СДСМ кревала галама затоа што немало државното знаме. Државното знаме е симбол. Должност на претседателот на државата е да ги штити симболите и интересите на државата. Се додека ВМРО ДПМНЕ ја посочува СДСМ за виновна за се, вклучително и за тоа што им се случува во кабинетите, не може да се каже дека ја научиле лекцијата. За скандалот со знамето и непочитувањето на македонското знаме е виновно ВМРО ДПМНЕ, рече Петровска.