Пијани девојки во Германија одбиле да платат за превоз, го извлекле таксистот од автомобилот и си заминале со возилото

По расправија за цената на билетот, четири пијани девојки на возраст меѓу 16 и 24 години ограбиле таксист и му го украле автомобилот, пишува Феникс.

Инцидентот се случил вчера вечерта во Висбаден откако девојките се скарале со 66-годишен таксист околу цената на возењето со такси.

Како што денес објави полицијата во Висбаден, инцидентот се случил во главниот град на покраината Хесен кога, враќајќи се од божиќниот пазар, две од четирите патници пристигнале на договорената дестинација. Девојките потоа се скарале со возачот околу договорената цена.

Тие барале да им ги врати парите. Кога тој одбил, го нападнале и го извлекле од таксито. Таксистот претрпел полесни повреди во тепачката, а исто така останал и без својот автомобил. Додека двете девојки избегале пеш, другите две го украле автомобилот и се одвезле, оставајќи го таксистот на улица.

Девојките се под истрага

Но, нивното бегство со такси не траело долго бидејќи набрзо биле запрени од полицијата. При последователна проверка, откриено е дека девојката зад воланот немала возачка дозвола. Тестот покажал дека нивото на алкохол во крвта е повеќе од 0,1%.

Нејзината сопатничка исто така била пијана. Потоа двете биле однесени во полициската станица и морале да се отрезнат преку ноќ. Идентификувани се и другите две девојки кои избегале пеш. Сите четири сега се под истрага, соопшти полицијата.