Пијани гумени бонбони

За љубителите на гумени бонбони, ова е вистински деликатес!

Потребно:
едно пакетче гумени бонбони (најдобри се оние во вид на црви и мечиња, без шеќер на нив)
200 мл вотка

Подготовка:
Во стаклен сад ставете ги гумените бонбони и прелијте ги со вотката. Бонбоните треба да пливаат во вотката и да бидат покриени со неа. Садот ставете го во фрижидер да стои два до три дена. За тоа време, гумените бонбони ќе ја впијат вотката и ќе набабрат.

Течноста што ќе остане во садот фрлете ја и пијаните гумени бонбони се готови.

Бонбоните можете да ги опијаните со секој алкохолен пијалак по ваша желба.

Забелешка: Не оставајте ги бонбоните да стојат во алкохол повеќе денови, бидејќи ќе се распаднат.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното