Пилот снимил „лет низ виножито“, научниците проговорија и објаснија што е тоа

Надреално видео од пилотската кабина на мал авион кој навидум лета директно во срцето на виножитото стана вирално на TikTok. Видеото, објавено од 26-годишниот Ник Браун, има собрано речиси 15 милиони прегледи откако е објавено на 9 октомври и ја прикажува прекрасната глетка што го одзема здивот.

„Вака е да леташ директно во виножито, патем“, напиша тој во описот.

Снимките од пилотската кабина создаваат илузија дека авионот се приближува и поминува низ шарените лакови на двојно виножито. Како што авионот се приближува, боите се шират и на крајот бледнеат, давајќи впечаток дека поминуваат низ нив.

@nickbrxwn Just so you know #fyp #rainbow #plane #pilot #views ♬ a pack of cigarettes – ￶ ￶ ￶ ￶ ￶ ￶ ￶ ￶ ￶ ￶ ￶ ￶￶ ￶ ￶

Браун откри за Newsweek дека магичниот момент бил сосема случаен, снимен за време на лет рано наутро над рурална Јужна Флорида. „Бев во Cessna 172 и мојот пријател леташе. Ја забележавме виножитото кратко по полетувањето и секако се движевме во таа насока, па затоа беше совршена случајност што летавме низ него“, рече тој.

Што вели науката?

Иако видеото го прикажува авионот како влегува во виножито, тоа е физички невозможно. Како што објаснува Националната океанска и атмосферска администрација на САД (NOAA), виножитото не е опиплив објект што постои на одредена локација.

„Виножитото всушност не е „нешто“ и не постои на одредено „место“, вели NOAA. „Тоа е оптички феномен што се јавува кога сончевата светлина и атмосферските услови се токму соодветни – и кога позицијата на набљудувачот е токму соодветна за да го види.“ Ова значи дека она што го доживеал Браун била единствена глетка што зависи исклучиво од неговата позиција во однос на сонцето и капките вода во воздухот.

Како се формира виножитото?

Виножитото се формира со прекршување, одбивање и расејување на светлината во капките вода. Светлината влегува во капката, се прекршува, се одбива од нејзината внатрешност и во тој процес се дели на нејзините составни бои. Иако обично се гледа како лак од земјата, понекогаш е можно да се види целосен круг од авион. „Целосно виножито е всушност целосен круг, но од земјата гледаме само дел од него“, објаснува NOAA.

Сликата на Браун, исто така, покажува секундарен, поблед лак над примарниот. Овој феномен е предизвикан од дополнителна, втора рефлексија на светлината во капките вода. Поради оваа двојна рефлексија, светлината се појавува под различен агол, предизвикувајќи вториот лак да се појави над првиот, со бои во обратен редослед.