Пилотот на спортскиот авион што се урна вчера попладне во близина на аеродромот „Биково“ кај Суботица е во стабилна состојба и надвор од животна опасност, според информации од болницата во Суботица, пренесува РТС.
Претставници на Центарот за истрага на сообраќајни несреќи од Белград и на Основното јавно обвинителство во Суботица утрово ја продолжија истрагата во областа во близина на аеродромот Биково каде што се случи несреќата, пренесува РТС.
При слетување на спортскиот аеродром Биково кај Суботица, вчера околу 17 часот се урна спортски авион „Пајпер“ со двајца членови на екипажот.
За време на несреќата, копилотот З.С. од Бајша почина, додека пилотот Ф.К. се здоби со тешки повреди, според Основното јавно обвинителство во Суботица.
Причината за падот на спортскиот авион кај Суботица засега е непозната.