Македонија

Пингвините во ЗОО Скопје за прв пат ќе имаат малечки

Пингвините во ЗОО Скопје за прв пат ќе имаат малечки

Убава вест ни доаѓа од заливот на пингвините.

Дел од овие прекрасни птици изведоа јајца и сега се постојано во своите гнезда каде лежат врз потенцијалните бебиња.

За да ја зголемиме шансата да имаме за првпат малечки од овој вид, не сакаме да ги вознемируваме и да го чистиме базенот во наредните две недели. Водата е зелена поради сонцето и создавање на алги, но е исправна технички и микробиолошки, а пречистителната станица постојано функционира.

Овој вид на птици е загрозен и е на црвената листа на видови во исчезнување, а со доаѓањето на свет на малечките ќе придонесеме во продолжување на видот.

Апелираме до посетителите да не тропаат по стаклата и да не фрлаат храна во базенот и живеалиштето

Стискаме палци за бебиња пингвини.

Фејсбук објава на ЗОО Скопје

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни