Планирани 400 митинзи против Трамп во САД

Повеќе од 400 собири против американскиот претседател Доналд Трамп се планирани за денеска, а организаторите поканија 11 милиони луѓе ширум САД да учествуваат во напорите за „заштита на демократијата“.

Организаторот на протестот, групата 50501, која се залага за 50 протести во 50 земји и едно движење, се обидува да го претвори незадоволството од претседателскиот мандат на Доналд Трамп во масовно движење, објави Гардијан.

Ова се четврти протести организирани од групата откако Трамп беше инаугуриран на 20 јануари, а на најновите митинзи беа поканети да учествуваат 11 милиони луѓе, што претставува 3,5 отсто од населението на Соединетите Американски Држави.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.