Пласидо Доминго воодушеви со незаборавен концерт во Скопје

Магијата на класичната музика ја исполни сцената на Националната опера и балет, каде што славниот тенор Пласидо Доминго приреди вечер за паметење. Во придружба на оркестарот и хорот на НОБ, како и италијанската сопранистка Марија Жосе Сири, под диригентската палка на шпанскиот маестро Жорди Бернасер, публиката уживаше во изведбите на најпознатите оперски арии и шпанска музика.

Со раскошна интерпретација и извонредна сценска присутност, Доминго уште еднаш ја потврди својата уметничка големина, оставајќи ја публиката без здив. Концертот, исполнет со емоции и виртуозност, беше сведоштво за неговата посветеност кон музиката и врвната уметност.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното