Платил 32.500 евра за автомобил што никогаш не го добил

Четириесет и седумгодишен маж пријавил во Полицијата во Вараждин дека станал жртва на интернет измама вредна речиси 32.500 евра. Парите ги уплатил за купување автомобил кој никогаш не му бил испорачан, соопшти Полицијата на Вараждин.

Уплати на сметки во странство

Според пријавата, уште во септември минатата година преку една интернет-продавница тој се договорил за купување на возило. Испораката била ветена за октомври, а 47-годишникот повеќепати уплаќал парични износи на различни банкарски сметки во странство.

Возилото никогаш не стигнало

Откако вкупно уплатил речиси 32.500 евра, а автомобилот до денеска не го добил, тој посомневал дека бил измамен и се обратил за помош во полицијата. Полицајците потврдиле дека преземаат сите потребни мерки и дејствија за да го откријат сторителот на ова кривично дело.